За сите луѓе на светот постојат само 24 часа дневно, но најважно е како тие ќе бидат искористени. Експертите откриваат како да го направите денот продуктивен и да се чувствувате подобро.
Веќе добро ви е познато дека оние кои стануваат порано имаат попродуктивен и поефикасен ден, а експертите Шон Форбс и Бенџамин Булах советуваат дека покрај станувањето рано, треба одвреме-навреме да се исклучите од интернет, да си пуштите музика, да прошетате и да вежбате.
Дисконектирајте се понекогаш
Истражувањата покажаа дека луѓето во просек поминуваат по 8,5 часа дневно на електронски уреди, од кои околу 3 до 4 часа на мобилни телефони. Наместо да го трошите времето на интернет, станете и прошетајте, уживајте ја убавината на отворениот свет.
Направете пауза и прошетајте
По подолго време пред компјутерски екран мозокот побавно реагира. Затоа, направете пауза и прошетајте за да го одморите мозокот.
„Прошетката навистина може да реши многу работи, а врската помеѓу вашите нозе и вашиот мозок е посилна од што мислите. Кога пешачите, срцето чука побрзо и создава подобра циркулација во мускулите и органите, а посебно мозокот“, рекоа Форбс и Булах.
Слушајте музика
Многу истражувања покажаа дека музиката може да ги подобри перформансите, посебно кога се работи за спортување или работа. Таа го стимулира мозокот, што пак прави да се чувствуваме подобро и ни помага да ги синхронизираме движењата.
Работете на една работа додека не ја завршите
Работењето на 10 нешта истовремено е крајно бесмислено затоа што крајните резултати се само две: нема да ги завршите сите обврски или тие ќе бидат завршени неквалитетно. Која од двете опции и да се случи, ќе направи да се чувствувате лошо. Наместо тоа, направете листа и приоретизирајте ги обврските, па извршувајте ги една по друга.
Станувајте порано
Утринските типови на луѓе се поуспешни и покреативни, што ги прави посреќни. Ако сакате да го извадите максимумот од вашиот ден, почнете да станувате порано. Така ќе имате повеќе време за обврските, за најблиските, но и најважно – за себе.
Не барајте изговори
За да бидете успешни, треба да ги искорените изговорите. Тоа е најважната работа која треба да си ја поставите како правило. Никогаш не треба да биде премногу доцна, премногу напорно или премногу мрачно за некоја обврска.