Марихуаната повеќе не е тема само за новинарите кои следат организиран криминал и злоупотреба на наркотици. За тоа сега се зборува како за потрошувачки производи.
Улогата на насловот е да ве шокира. Затоа е така напишан. Да се известува само за штетноста не е добро, бидејќи тоа е само дел од приказната односно се дава простор само на едената страна.
За да може јавноста да креира ставови што се темелат на информации кои ги разбираат, новинарите/ките мораат да известуваат за следново: истражување; законските регулативи; лиценци и услови за добивање на истите; мрежите за профит доколку дојде до легализација.
Судејќи според написите во домашните медиуми, станува збор само за дрога. Речиси секогаш оди во контекст со зборот наркоманија. Тука нема да се занимаваме со дебатата дали марихуаната е дрога или не, целта на овој текст е да ја освестиме важноста за темелно, објективно, добро и разбирливо известување во медиумите за марихуаната или канабисот.
Товарот за темелно и разбирливо известување, како и за многу други нешта е на грбот на новинарите. Информациите кои се медицински стручно објаснети, не се разбрливи за просечниот читател. Додека пак изразите како марихуана и наркоманија се разбирливи за сите (да претпоставиме дека тоа е така).
Затоа сите овие стручни информации, истражувања и контекстот за кој се известува треба да се знае како да се подготви за да биде разбирлив за читателите.
Што е марихуана? Или канабис?!
Иако термините “канабис“ и “марихуана“ во секојдневниот говор се користат како синоними, тие не се потполно исти.
Докторот Таухед Заман, псхијатар за зависности од Сан Франциско појаснил дека “канабисот е широк поим за сите нешта добиени од билката канабис, од кои некои деривати можат да бидат без ТХЦ, вклучувајќи и ЦБД производи. Во меѓувреме, марихианата која се прави од исушените цветови, стебла и семкки и може да биде чаден и подготвен од концентрирана смола како медот, има ТХЦ“.
Според докторот Заман, канабисот е поточниот израз ако зборувате за индустријата и производите добиени од оваа билка.
Асошијетед прес во својот водич за 2022 гидина додал нови 35 изменети препораки за користење на инклузивен јазик.
Меѓу нив е и препораката за поимите марихуана, канабис. Сега тие поими можат да се користат наизменично, а водичот нуди и дополнителни ажурирања на сродните поими, вклучувајќи: декриминализација и делта ( како што е делта-8).
Ако го погледнете поднасловот на текстот во него ќе ги видите поимите: Марихуана – се прави од исушени листови, цветови, стебла и семки и може да биде чадена или подготвена од концентрирана смола, има ТХЦ; Канабис – поширок поим за сите нешта добиени од билката канабис, од кои некои можат да бидат без ТХЦ, вклучувајќи и ЦБД производи и терпени; ТХЦ – познатата психоактовна состојка. Содржината на ТХЦ во мариханата порснала во последните десетици години со новите техники на одгледување; ЦБД – втората најзастапена активна состојка во канабисот (марихуната). Додека ЦБД-то е важна компонената на медицинската марихуана или се произведува во лабараторија, се добива директно од билката коноп ( сродна на марихуната) или се произведува во лабараторија. Една од стоте компоненти на марихуната, и не предизвикува “чувство на летање“ сама по себе; Терпени – терепеноид – како и да ги наречете овие комбинации во канабисот кои му даваат карактеристични ароми и вкусови и се појавуваат во многу потрошувачки производи насекаде.
За да се известува за марихуаната во медиумите сериозен новинар/ка мора да бидат запознаени со сите овие поими, сличности и разлики и нивното делување врз човекот.
За што се известува кога зборуваме за марихуана?
Марихуаната повеќе не е тема само за новинарите кои следат организиран криминал и злоупотреба на наркотици. За тоа сега се зборува како за потрошувачки производи.
Колку фабрики добиле лиценца, колку се профитни мрежите, како фабрките тргуваат со марихуаната, како може легитимно да се постапува во банкарскиот систем и наплатата, даноци, општини, агенции. Сето ова се теми кои јавноста треба да ги знае.
Во иднина за мариханата и канабисот би можеле да читаме на порталите, специјализирани медицински портали, веб страници за економија, а не само во црна хроника како денес.
Каква е работата на “новинарите за марихуана“ (cannabis journalist)?
Мона Занг известува за марихуанта ( канабисот) од 2015 година. Во почетокот работела како новинарка фриленсерка бидејќи ниту еден медиум не ја покривал оваа тема.
„Ме фасцинираат јавните политики за канабис. Какви се трендовите на државно ниво и како тоа влијае на државните програми за марихуана) беше интересно да се следи еволуцијата на политиките за марихуана на државно ниво и како тоа се менуваше во фокусот на државната еднаквост. И се разбира, како реформите на државата влијаат на федерално ниво“.
Според неа, јавните политики за канабист се допираат со многу различни прашања, за реформата на кривичниот законик, банкарството, меѓународните договори…
„Кога се зборува за јавните политки за канабис, никогаш не е досадно“, вели Занг. Занг тврди дека “постпи недостаток од истражувачко и одговорно новинарство за темата канабис, независно дали станува збор за индустрија, влада, или заговори. Откако пишував за проблемите со корупцијата во врска со канабисот, добив голем број на информации за корупцијата и канабисот во целата земја.“
Според неа, еден од најголемите предизвици е како државното законодавство може да ги реши прашањата за кривичниот законик и социјалната еднаквост во законот за легализацијата.
Препораки за новинарите/ките
Една од седумте препораки кои во детален текст за The Journalist’s Resource го навела Насем Милер е: бидете свесни за сопствените предрасуди и оставете ги настрана од своето известување за марихуаната.
Наскоро на Балканот ќе се појават иницијативи кои ќе почнат јавна расправа за медицинските придобивки од марихуаната (канабисот) и потребата од легализација.
За да се пробие бариерата која се создала од уверувањата за марихуаната како дрога, ќе бидат потребни подготовки и во овој случај објективно покривање на темата.
Извор: Civil Media