За некого претстојните студени денови значат и отворање на сезоната на спиење во чорапи. Има спротивставени мислења – некои сметаат дека овој потег е лош за циркулацијата, додека едно ново истражување покажува нешто поинаку.

Мар Де Карло, експерт за спиење, верува дека има неколку придобивки од спиењето во чорапи во текот на зимата. Чорапите можат да им помогнат на луѓето да заспијат побрзо и да спијат подолго преку процес наречен дистална вазодилатација.

Некои истражувања дошле до заклучок дека носењето чорапи во текот на ноќта додека спиеме го зголемува протокот и циркулацијата на крвта во овој дел од телото.

Едно истражување кое опфатило помал број испитаници покажало дека оние кои носеле чорапи заспале околу 7,5 минути побрзо, спиеле 32 минути подолго и се буделе 7,5 пати помалку во текот на ноќта од оние кои спиеле боси.

Пониските температури на телото се поврзани со поспаност, а доказите сугерираат дека користењето чорапи или други методи за загревање на стапалата може да ја намали телесната температура и да ни помогне да заспиеме побрзо“, велат експертите.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.