Легендарниот капитен на Манчестер јунајтед, Рој Кин, 2020 година ја одработи како ТВ аналитичар и остана запомнет по луди, урнебесни и генијални изјави.
Кин е најпознат како еден легендарен капитен на Манчестер јунајтед во ерата на сер Алекс Фергусон, а по завршување на играчката кариера се обиде како тренер, но без големи успеси.
Последен ангажман му беше како асистент во Нотингем Форест во 2019 година, по што си најде совршена работа за него, ТВ аналитичар.
Рој Кин ги коментира натпреварите од Премиер лигата со иста страст како што играше, воопшто нема влакна на јазикот и не се плаши да употреби тешки зборови.
Поради тоа и не чуди зашто стана вистинска ѕвезда и популарен коментатор, а некои од неговите изјави се веќе легендарни.
– Адам Лалана беше во средниот ред. Мојата ќерка е посилна од него – рече Кин за тврдењата дека на Челси ќе им биде потешко против Евертон отколку против Ливерпул.
– Доколку сум соиграч или тренер на Де Хеа би го убил. Па дури е и арогантен, би го обесил уште на полувреме – по грешката против Евертон.
– Не можам да верувам што прави Шо. Шокиран сум и од Мегваер. Голманот е катастрофа, би го претепал во соблекувална. Тој е демек репрезентативец. Де Хеа и Мегваер не би ги пуштил да влезат во клупскиот автобус – по поразот на Јунајтед од Тотенхем.
– Не ги сфаќав Руни и Фердинанд, нивните шеги и вредности. Играта се менуваше и јас се менував со неа како што ми се наближуваше крајот на кариерата. Доаѓаа нови играчи и не ги сфаќав сериозно. Очигледно е дека беа одлични фудбалери и мило ми е што играв со нив, но дали би излегол со нив на кафе? Не, заборавете на такво нешто – изјави Кин за време на карантинот во Англија.
– Навистина е чувствителен, зарем не? Замислете каков би бил доколку загубеа – изјави Кин по расправијата со Клоп.
– Мане влезе во дуел со идиот. Луѓето мислат дека Кајл Вокер игра добро. Јас не мислам така, навистина прави грешки. Тој е репрезентативец, има 30 години, а е елементарна непогода – изјави Кин по киксот на Вокер кога направи пенал.