Преглед на рангирањето на најбогатите европски земји во последните нешто подолго од сто години е достапен на YouTube, т.е. од 1921 до 2022 година. Нагласена е и прогнозата кои земји ќе бидат до 2026 година.
Рангирањето е одредено врз основа на БДП по глава на жител, а податоците се преземени од Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) и американската конзервативна организација „Медисон проект“.
Западните земји континуирано се меѓу најбогатите во споменатиот период. Сто години претходно, во 1921 година, десетте најбогати земји беа:
- Швајцарија со БДП од 615 долари по глава на жител;
- Велика Британија со БДП од 624 долари по глава на жител;
- Холандија со БДП од 598 долари по глава на жител;
- Данска со БДП од 566 долари по глава на жител;
- Белгија со БДП од 561 долар по глава на жител;
- Франција со БДП од 457 долари по глава на жител;
- Шведска со БДП од 426 долари по глава на жител;
- Норвешка со БДП од 421 долар по глава на жител;
- Германија со БДП од 396 долари по глава на жител;
- Австрија со БДП од 342 долари по глава на жител.
Сто години подоцна, во 2022 година, најбогатите земји беа:
- Луксембург со БДП од 126.834 долари по глава на жител;
- Ирска со БДП од 111.626 долари по глава на жител;
- Швајцарија со БДП од 78.286 долари по глава на жител;
- Норвешка со БДП од 70.054 долари по глава на жител;
- Сан Марино со БДП од 65.627 по глава на жител;
- Данска со БДП од 63.560 долари по глава на жител;
- Холандија со БДП од 61.973 долари по глава на жител;
- Австрија со БДП од 59.586 долари по глава на жител;
- Исланд со БДП од 59.409 долари по глава на жител;
- Германија со БДП од 58.339 долари по глава на жител.
Се очекува претходно истакнатите земји да останат најбогати во следните четири години.