Експерти од Јужна Кореја објавија дека откриле решение за најголемиот проблем на секој смартфон корисник, пукнатиот екран. Она што најмногу не мачи е екранот на кој постојано мора да ставаме заштитно стакло секој пат кога ќе ни се скрши, се грижиме да ставаме маски да не паѓа директно на екранот и така натаму.

Експертите од корејскиот Институт за наука и технологија од Универзитетот Јонсеи, успеале да развијат посебен полимер што ќе може да се градува во LCD екраните на самите смартфони.

Со овој полимер екраните ќе можат сами да се залечат, односно полимерот ќе ја поправа пукнатината.

Искористена е посебна супстанца од ленено масло (уште една придобивка од лененото семе), која под УВ светлина во рок од 20 минути се враќа во првобитната состојба, а на собна температура во рок од 12 часа. Полимерот содржи микрокапсули од ленено масло искомбинирани со силикон.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.