Сите видови месо особено ако се во големи парчиња, бараат дополнителна подготовка, што вклучува удирање со кулинарски чекан, похување, шпикување, обликување со сечење, суво и водено маринирање.

Шпикувањето е пробивање мали дупчиња во месото и зачинување со сланина, зеленчук путер и други прилози, а се прави со посебен уред- шуплива игла. Друга опција е да користите мал нож со шилест врв со кој ќе направите дупчиња во месото. Кога се користи шуплива игла , производот кој се става во месото се сече на тенки и долги ленти и се внесува во шуплината на иглата, па кога таа ќе се стави во месото додатокот останува во него. Кога шпикувате со остар нож треба рачно да го внесете додатокот.

Еве еден пример за шпикување свинско месо. Потребно ви е 800 грама свински шол, 1 морков, 1 главица лук и масло. Месото продупчете го со остар нож на многу мест.а во нив ставете резанки од лук и морков. Потоа ставете го да се пропржи во тава на малку масло. Вака подготвеното месо префрлете го во сад за печење, заедно со маснотијата од пржењето и печете го 40 минути во рерна. Послужете го исечкано на кришки.
Запомнете – месото се шпикува само во цело парче, ако го исечете на помали парчиња нема потреба од тоа бидејќи лесно можете да го зачините.