За време на карантините на почетокот на минатата година, многумина се обидоа да најдат некоја активност што ќе им ги оттргне мислите и ќе им помогне полесно да се справат со целата ситуација. Така, голем дел од луѓето се свртеа и кон подобрување на кулинарските вештини.

Истражувањата покажаа дека малите, креативни задачи можат да направат да се чувствуваме среќни. Во една студија, истражувачите забележале дека голем дел од возрасните луѓе пријавиле појава на позитивни емоции кога се занимавале со креативни активности.

unsplash

Исто така, постојат докази кои сугерираат дека придобивките од готвењето не се однесуваат само на креативноста поврзана со задачите – едноставната механика на готвењето може да го направи процесот привлечен и да ги активира клучните центри во мозокот.

Истражувања во Тел Авив покажаа дека повторливото однесување и ритуалите можат да го ублажат стресот и вознемиреноста.

Никол Фармер, која проучува како храната влијае на нашето однесување и ментално здравје во Националниот институт за здравје, вели дека некои постојани движења за време на готвењето може да доведат до истиот ефект.
unsplash

Тие активности како кога ги миеме рацете, дефинитивно се поврзани со позитивни емоции и намалени нивоа на стрес. Ние веруваме дека кога луѓето готват, се активира сензорниот систем и тоа придонесува за подобрување на нашата работна меморија“, објаснува Фармер.

Покрај поттикнувањето на креативноста и добрите вибрации, готвењето може да обезбеди и чувство на социјална поврзаност.

unsplash

Истражувањето на Фармер, кое се заснова на податоците пред пандемијата, покажува дека готвењето буди „зголемено чувство за социјална интеракција и позитивна социјална услуга“, што воедно прави да се чувствувате подобро.

Дел од таа поврзаност може да дојде и од луѓето кои ги храните. Истражувачите покажаа дека алтруизмот, па дури и позитивните мисли и однесувања, како што е љубезноста, можат да придонесат за вашата благосостојба.

Чувство на контрола

unsplash

Иако науката сè уште се развива, експертите за ментално здравје започнаа да го поврзуваат готвењето со позитивни резултати, пишува „Би-Би-Си“.

Џули Охана, терапевт во Мичиген, веќе 20 години ја истражува врската помеѓу готвењето и терапијата. Охана, која со години сметала дека готвењето делува смирувачки, открила дека кога работи со клиенти во кујна тие стануваат свесни дека „навистина можат да бидат присутни во моментот“. Готвењето е поврзано со поголема ментална благосостојба и пониски нивоа на депресија.

Податоците од истражувањето покажуваат дека луѓето најверојатно ќе продолжат повеќе да готват
дома и по пандемијата