Подготовките за апсењето на кланот Вељко Беливук и Марко Миjковиќ се подготвувале со месеци во две оперативни акции, „Чешел“ и „Киднапер“.

Првата акција „Чешел“ е започната откако бандата малтретирала физер и барала да им плати рекет од 8.000 евра месечно. Кога тој одбил, наводно бил брутално претепан, а вилицата му била скршена на две места.

Претепаниот фризер некое време побегнал од Белград, но неговото семејство останало. Токму за нив следувале ужасни настани. На крајот, уценуваниот човек се спасил од смртта само со огромна среќа. Работниците виделе бомба под тркалото на неговиот автомобил и ја алармирале полицијата.

Вториот клучен момент било исчезнувањето на Горан Величковиќ – Гокси, навивач на Партизан, кој војувал со „Принципи“, навивачка група предводена од Беливук и Миjковиќ.

Имено, за време на сведочењето на неговата сопруга во Министерството за внатрешни работи, искусни инспектори сфатиле дека таа не ја зборува вистината.

Од нејзините изјави било јасно дека лаже. Сепак, тоа било јасен патоказ во кој правец треба да оди истрагата. Наскоро, полицијата дознала како да се пробие кодот и да се следи движењето на телефон на Гокси.

Во тоа време, операцијата „Киднапер“ веќе била во тек, а била покрената непосредно по киднапирањето на Величковиќ.

Полицијата и БИА поставиле камера и започнаа да го покриваат објектот во Ритопек регистриран на името на Драган. Така е составен целиот мозаик. Некое време се размислувало за упадот на специјалните единици во таа куќа, меѓутоа, на сите им било јасно дека внатре сè е полно со оружје и дека куќата е чувана, па затоа ќе биде тешко да се избегнат жртви. Затоа е донесена одлука прво да бидат уапсени Вељко и неговите главни луѓе по што влегувањето во викендичката ќе биде рутина.