Затвореници во „Идризово“ копале тунел за бегство, потврди за Телма Јовица Стојановиќ, директор на Управата за извршување санкции.

Неофицијално, почетокот на тунелот е од шеталиштето на затворениот дел на затворот, а водел до надвор од затворот. Во овој дел на „Идризово“ казни издржуваат затвореници со високи казни, а меѓу нив има и такви осудени на доживотен затвор.