Сцени како од холивудски блокбастер во видеото што го снимиле цивилни лица во градот Херсон каде десетина дена се водеа жестоки битки меѓу руските и украинските сили.
Дронот снимил битка во која предходно е уништена украинска артилериска единица по што во судирот се вклучуваат оклопни транспортери и војници со лесно автоматско оружје и рачни бомби.
Во видеото се дава објаснување на англиски за дел од чекорите во битката.
Не е познато колкав е бројот на загинатите и ранетите во битката која е една од првите во светот снимена со цивилен дрон.
Видеото за 8 часа го виделе над 2 милиони луѓе./ Expres.mk