Жозе Мурињо пред 15 години седеше на клупата на Челси и во осминафиналето од Лигата на шампионите играше против Барселона која на крајот излезе како подедник а.
На првиот натпреваер кој се играше на „Стемфорд бриџ“ беше 1:2 за Барселона, додека во реваншот на „Камп Ноу“ резултатот беше нерешен 1:1, а на крајот каталонците успеаја да ја освојат титулата откако во финалето го совладаа Арсенал со 2:1.
Токму натпреварите против Челси беа најголемиот предизвик за Барселона, а англиските медиуми тврдат дека Мурињо и Челси несериозно му пристапиле на двомечот со каталонскиот тим и тоа на крајот ги чинеше пораз.
Причина за ова тврдење на медиумите се белешките на Мурињо и неговиот помошник Андре Вилјаш Боаш до кои дојдоа за анализирата на игра на Барселона. и на нивните најдобри играчи.
Еве како Мурињо и Вилјаш-Боаш во тие моменти ја анализирале играта на Барселона и нејзините главни играчи.
Карлес Пујол – Агресивен, но и склон на емотивни реакции. Полудува кога судијата ќе досуди прекршок против него или кога некој ќе го провоцира. Агресивен дефанзивец, игра користејќи го своето тело. Има лошо чувство за позиционирање и лошо командување со одбраната. Бидејќи често го користи телото, можеме да одиме на дуел против него и да испровоцираме прекршок во завршницата на нападот. Одлично игра со глава и е многу силен.
Андрес Иниеста – Секогаш влегува од клупата. Многу динамичен играч со голем радиус на движење. Има унапредени карактеристики на брзина и движење.
Роналдињо – Има технички квалитети да го избегне дефанзивецот по првиот контакт со топката. Брзо ги напаѓа бековите 1 на 1. Многу е опасен кога ќе му даде простор помеѓу луниите, дели топки за Меси, Ето или соиграч од средниот ред. Многу лош е во одбраната и тоа може да го искористиме. Постојано фолиран, многу лесно паѓа при контакт.
Лионел Меси – Квалитет и брзиза, но се префрла на левата нога. Исто однесување кое е специфично за Роналдињо. Со додавањата ја тера екипата да оди само напред и многу е добар еден на еден. Доколку постои можност да се направи прекршок над него, тогаш е важно тоа да биде надвор од шеснаесетникот или во почетна фаза од нападот.