Изреката „Среќа во несреќа“ целосно ја опишува ситуацијата на 39-годишната Тања Орешанин, која фати коронавирус за време на ковид-бурата што ја зафати Србија на почетокот на годинава, со вртоглав број на новозаразени лица. Тогаш, рутинскиот скенер кој им се прави на сите хоспитализирани поради новиот вирус помогна да ѝ откријат малиген тумор на десното белодробно крило, голем 7 сантиметри. И

Порано живеев нормален живот. Знаете, нашиот нормален живот. Работите, обврски, се нервирате. Запрашајте се дали помина денот без да се нервирате за нешто. Денес, не сум нервозна за ништо, вели за „Блиц“ низ смеа Тања, професорка по италијански јазик и успешна дизајнерка, мајка на две деца Елена (10) и Максим (7).

Медицинската сестра во болницата и рекла на Тања по сите предизвици – телото секогаш дава знак.

Да не се заразев со корона, немаше да откријам дека имам малигнен тумор, зошто ќе мислев дека херпесот што го имав уште од детството, ми се појавил повторно поради паднатиот имунитет, вели таа.

На 9 февруари 2021 година, по позитивниот тест на коронавирус планот на Тања бил да се изолира во посебен стан со цел да ги заштити сопругот и децата, но по направениот по тест на крвта и рентгенот, таа веднаш била хоспитализирана.

Се чудевме зошто сакаат да ме задржат во болница , зошто симптомите не ми беа агресивни. Кога се качив на шестиот кат, само помислив „оффф“. Уште тогаш предчувствував дека не сум таму само поради короната, се сеќава Тања.

Лекарите ѝ рекле дека нејзиниот случај е среќа во несреќа. Анализите извршени за следење на општата состојба поради коронавирус, открија промена во десното белодробно крило. Малигниот тумор беше откриен на време, додека сè уште бил оперативен, а по операцијата и терапијата, нејзиниот живот навистина може да продолжи без оковите на болеста. Лекарите ѝ порачале дека ситуацијата би можела да биде многу поинаква и потешка доколку Тања не добиела ковид и не направила рентген на бели дробови.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.