Поранешниот дефанзивец на Ливерпул, Дејан Ловрен, открива какви методи на работа има менаџерот на „црвените“ Јирген Клоп. Германецот не сака неговите фудбалери, посебно младите да се однесуваат како ѕвезди и да се расфрлаат со пари. Токму на еден таков играч Клоп му одржа вистинска лекција, вели Ловрен.

– Уште во 2017 година на првиот ден од подготовките со Ливерпул, еден 18-годишен фудбалер дојде на тренинг со Мерцедес и златен Ролекс – вели Ловрен и ја открива комуникацијата на Клоп со играчот.
– Клоп со запраша со каков автомобил пристигна, потоа и каков часовник има на раката. По одговорот на младиот фудбалер, Клоп повторно го праша: Колку пати играше за првиот тим на Ливерпул?
Момчето одговори: Ниту еднаш.
Следниот ден на тренинг пристигна со нормален автомобил и без часовник на раката – вели Ловрен.