Во ладните периоди од годината пајаците и сличните бубачки едвај чекаат да го отворите прозорецот или вратата за тие да се вселат во вашиот дом на потопло. Многу луѓе без оглед дали живеат во куќа или стан имаат проблем со пајаци во домот. Но без грижа, постои решение и за тој проблем, еве што би можело да ви помогне на лесен начин да се справите со нив…

Нане – неколку капки етерично масло од нане со додаток на средство за миење садови и вода е одлично оружје за да го спасите домот од пајаците. Испрскајте со оваа мешавина околу прозорците и вратите и на другите места каде што мислите дека пајаците можат да прават легла.

Оцет и кокосово масло – измешајте ги овие две состојки и применете ја смесата како што е наведено во погорниот пример.

Лимон и портокал – пајаците не го сакаат лимонот, па затоа лимонот и портокалот се добри за спас од пајаците, а и за свеж и пријатен мирис во домот.