Борбата со мравките вообичаено започнува напролет, но понекогаш справувањето со овие досадни штетници станува вистински предизвик. Голем дел од овие нешта сигурно ги имате дома без да знаете дека тие можат да стават крај на сите ваши проблеми.
1. Селотејп
Многу е лесно да ја спречите армијата мравки со мала помош од селотејпот. Пронајдете го местото од каде што доаѓаат и местото на каде што одат и поставете селотејп на тие места. Сигурно ќе ги спречите.
2. Борна киселина
Се продава во облик на прашок. Во 2 дл вода измешајте 3 лажици борна киселина и 3 лажици шеќер. Земете парче вата и потопете ја во ваквата течност, а потоа поминете на местата каде што се собираат мравките. Шеќерот ќе ги привлече, а борната киселина ќе ги уништи.
3. Брашно
Мравките не можат да го поднесат белото пченично брашно, така што тоа е одличен начин да се ослободите од нив. Посипете брашно по рабовите од просторијата во која доаѓаат. Уште едно брашно што ќе ги уништи е пченкарното. Овој вид брашно мравките го јадат, но не можат да го сварат, па затоа тоа ќе ги убие.
4. Цитруси
За да ги уништите мравките воопшто не ви се потребни опасни инсектициди. Доволно ви е само да употребите лимон или портокал, чиј мирис мравките не можат да го поднесат. За да ги избркате мравките испрскајте ги рабовите од прозорците и прагот од станот или куќата со лимонов сок. Уште еден начин да ги убиете е со пире од кора од портокал и една шолја топла вода, кое полека треба да ги истурите во мравјата колонија.
5. Бибер
Мравките се во потрага по шеќер, а вие изненадете ги со бибер. Турете бибер на местата каде што се собираат и на местата каде што одат. Вака ќе им испратите порака дека нема шеќер во близина.