Сите наши предци припаѓале на крвната група нулта, живееле во ограничен простор за живеење, јадејќи иста храна, така што никакви промени не биле неопходни. Со зголемувањето на популацијата, доаѓа до потрага по нови извори на крупен дивеч, а миграциите довеле до појава на варијации, односно до појава на А и Б, а подоцна и на крвната група АБ.

Доктор Питер Д’Адамо го посвети најголемиот дел од својот живот на проучување на поврзаноста помеѓу одредени видови намирници и одреден тип на крвта.

Неговите истражувања покажаа дека во крвта се појавува хемиска реакција на храната. Оваа реакција зависи од генетското наследство, а е предизвикана од лектини, протеини што се наоѓаат во храната, а кои имаат својство на лепење (аглутинација). Ако изедете протеински лектин кој не е компатибилен со вашата крвна група, ќе дојде до лепење на крвните клетки околу тој протеин (што е лоша вест).

Profimedia

Добрата вест е дека повеќето лектини што ги наоѓаме во исхраната не се многу опасни за здравјето, меѓутоа, можат да предизвикаат помали проблеми.

95 отсто од лектините што ги внесуваме преку исхраната не влегуваат во крвотокот, но преостанатите 5 отсто што ги внесуваме може да предизвикаат реакција ако не се во склад со вашата крвна група. Исхраната според крвната група овозможува, според д-р Питер Д’Адамо, следење на природниот циклус на организмот.

Ваквиот начин на исхрана може да ни помогне да бидеме здрави, добро да се чувствуваме и да одржуваме вита линија. Диетата според крвните групи многу брзо покажа позитивни ефекти. Многу луѓе ширум светот, со овој начин на исхрана ја регулираат својата телесна тежина.

Еве што треба да знаете за оваа диета, кои намирници се пожелни, а кои се на листата на забранети.
Постојат четири главни крвни групи А, Б, АБ и нулта, а секоја од овие групи може да биде Рхд позитивна или Рхд негативна. За секоја крва група постојат дозволени и недозволени намирници.

Нулта крвна група

За оваа крвна група најдобар е оној начин на исхрана кој изобилува со протеини, квалитетно месо, риба, но и со зеленчук и овошје.

Дозволена храна: говедско, телешко, ослиќ, скуша, пастрмка, маслиново и ленено масло, семки од тиква, ореви, лук и кромид, магдонос, брокула, црвена пиперка, тиква, зелен зеленчук, компир, смокви, сливи.

Забранета храна: свинско, крем сирење, кашкавал, кравјо и козјо млеко, јогурт, кисело млеко, сурутка, крем, разнобоен грав, пченица, пченка, овес, печива, карфиол, модар патлиџан, маслинки, црвен компир, печурки, црвена зелка, прокељ, капини, јагоди, кокос, портокали, мандарини, оцет, мелен црн пипер, цимет, ванила, кечап, кафе, жестоки алкохолни пијалаци, црн чај. Намирници кои
поттикнуваат дебелеење кај лицата со крвна група нулта се: глутен, слатка пченка, леќа, грав, зелка, кељ, сенф.

unsplash

Крвна група А

На крвната група А најмногу ѝ одговара вегетаријанскиот тип на исхрана. Многу овошје, зеленчук и житарки е она што им се препорачува на прво место на овие луѓе.

Дозволени намирници: сите видови риби, млеко од соја, маслиново масло, тиква, кикирики, грав, леќа, хељда, овесно, ‘ржно и брашно од ориз, брокула, морков, зелена зелка, рукола, кељ, праз, магдонос, спанаќ, тиква, компир, кајсии, капини, боровинки, лимон, цреши, смокви, грејпфрут, ананас, сливи, суво грозје, суви кајсии, морков, суви сливи, лимонада со мед, сенф, зелен чај и црвено вино.

Забранети намирници: Сите видови месо – освен пилешко, путер, сладолед, крем сирење, кашкавал, кравјо млеко, сурутка, ф’стаци, жолт и шарен грав, црвена зелка, модар патлиџан, печурки, домат, црвен компир, банани, портокали, мандарини, црвена пиперка, оцет, кечап, мајонез, пиво, жестоки алкохолни пијалаци и газирани пијалаци.

unsplash

Крвна група Б

Ако ја имате оваа крвна група, спаѓате меѓу оние среќните, Д’Адамо вели дека можете да јадете речиси сѐ, без да имате проблеми со телесната тежина и варењето на храната. Сепак, постои помал список на храна којашто треба да ја избегнувате.

Кои намирници треба да ги избегнувате: сланина, пилешко, свинско, сончогледово масло, лешници, сончоглед, кикирики, тиква, црн грав, маслинки, леќа, хељда, домат, кечап, цимет, црн пипер.

Намирници кои имаат најкорисно дејство: јагнешко, зајачко, риба – ослиќ, скуша, штука, фета сирење, солено кравјо сирење, јогурт, маслиново масло, оризови снегулки, цвекло, брокула, компир, зелка, морков, карфиол, црвена и зелена пиперка, банана, лубеница, грозје, ананас, сливи, кари, калинка, нане и зелен чај од групата на чаеви.

unsplash

Крвна група АБ

Ова е најретката и најспецифичната крвна група. Ако спаѓате во оваа група, се препорачува да имате неколку помали оброци во текот на денот.

Дозволени намирници се: јагнешко, мисирка, риба, сирења, млечни производи, јаткасти плодови (ореви, бадеми), зелен зеленчук, цвекло, смокви, грозје, цреши, кафе. Ако сакате да ослабнете, треба да консумирате тофу (сирење од соја), морска храна, млечни производи, ананас.

Забранети намирници: свинско, говедско, телешко, пилешко, дивеч, школки, сончогледово и масло од сусам, лешници, семки од тиква, црн грав, пченка, ротквица, банана, портокал, кокос, калинка, урми, кечап.

pixabay

Карактеристики на крвните групи – силни и слаби страни

На вечното прашање дали храната има универзален карактер или е намирница којашто за еден човек е храна, а за – друг (речиси) отров, д-р Питер Д’Адамо одговара: „Кажи ми ја твојата крвна група и јас ќе ти кажам дали се храниш или се труеш.

Кои се карактеристиките на одделните крвни групи?

Крвна група нулта

Силни страни на лицата со крвна група нулта: силен систем за варење, силен имунолошки систем, природна заштита од инфекции, ефикасен метаболизам.

Слабости: нетолеранција кон новата исхрана и новите услови на животната средина. Поради прекумерна активност на имунолошкиот систем, може да се случи тој да се нападне самиот себе.

Ризици: пречки во коагулацијата, воспалителни болести, воспаление на зглобовите, намалена функција на тироидната жлезда, чир, алергии.

Додатоци на исхраната: витамини Б и К, калциум, јод, сладок корен, морски алги.

Крвна група А

Силни страни: добро се прилагодува на променетата исхрана и новите услови на животната средина. Лесно ги метаболизира хранливите материи.

Слабости: чувствителен дигестивен систем; ранлив имунолошки систем – отворен кон инфекции.

Ризици: срцеви заболувања, рак, анемија, болести на црниот дроб и жолчката, дијабетес тип 1.

Додатоци во исхраната: витамини Б, Ц и Е, фолна киселина, ехинацеа, кварцетин.

Крвна група Б

Предности: силен имунолошки систем, прилагодливост кон новата средина и новиот начин на исхрана, урамнотежен нервен систем.

Слабости: подложност на автономни болести и ретки вирусни инфекции.

Ризици: дијабетес тип 1, хроничен замор, автоимуни болести (лупус, мултиплекс склероза…).

Додатоци на исхраната: магнезиум, гинко, летицин, сладок корен.

Kрвна група АБ

Силни страни: добро се прилагодува на современите услови. Многу толерантен имунолошки систем, ги обединува предностите на крвните групи А и Б.

Слабости: чувствителен дигестивен систем. Премногу толерантен имунолошки систем може да биде отворен за инфекции. Негативно реагира на околностите како од типот А така и од типот Б.

Ризици: срцеви заболувања, рак, анемија.

Додатоци на исхраната: витамин Ц, селен, цинк (и двата минерала треба претпазливот да се користат, со претходна консултација со лекар!)