Во продавниците денес може да се најдат најразлични видови сирења, но и многу имитации кои се неквалитетни. Специјалистите во оваа област објаснуваат дека зрелото сирење има бела или жолтеникава боја и прави ивици. Кога ќе го допрете, не треба прстите да ви пропаднат во него. Доколку сирењето е вистинско и постаро, тоа не треба да се рони. Зрелото сирење има ненаметливо млечно-кисел вкус, но не горчлив. Треба да почувствувате нежен вкус, кој не треба да биде гумен. Исто така кога ќе пресечете сирење, неговата површина треба да биде сјајна. Големата разлика во цена исто така е критериум за квалитет, па така можете да препознаете квалитетно сирење од имитација.
Квалитетно сирење од овчо млеко треба да отстои најмалку 60 дена и да созрее, а од кравјо млеко најмалку 45 дена. Доколку не се почитуваат овие рокови постои опасност од развој на патогени бактерии и затоа недозреаното сирење е поопасно за консумација од други сирења.
Сепак поопасни се имитциите на сирења во кои има додадено палмино масло и трансглутаминази.