Авокадото е богато со монозаситени масни киселини, кои помагаат при борба со холестеролот, кој е ризик за појава на кардиоваскуларните болести. Покрај тоа, авокадото има висок процент на калиум, магнезиум, фолна киселина, протеини, витамин Б6, К и Е.

Препорачана количина е не повеќе од половина авокадо на ден. За разлика од другото овошје и зеленчук, авокадото мора да има малку непривлечен изглед за да знаете дека е добро за јадење. Убавото, тврдо и зелено авокадо не е зрело и нема смисла да го купувате. Кога избирате авокадо, тоа треба да биде меко на допир и да има темна кората. Уште еден трик за да откриете дали е зрело е да ја погледнете дршката, која треба да е сува, а кога ќе ја отстраните под неа местото треба да биде светло и свежо. Ако е кафеаво, тоа значи дека долго време е стоено авокадото и такво не ви треба.

Ако сепак сте купиле тврдо авокадо, оставете го да дозрее на собна температура, по што можете да го чувате една недела во фрижидер. Оптималната температура за чување авокадо е околу 10 степени. Ако еднаш созреало, авокадото брзо поцрнува. Ако сакате да го сочувате, попрскајте го со лимонов сок, херметички запакувајте го и ставете го во фрижидер.