Кај нас во домаќинствата најчесто се консумира бел леб, додека истовремено постојано сме бомбардирани со информации дека тој е штетен и треба да се избере интегрален или црн леб.

Причината за ова е што белиот леб се прави од пречистено брашно, а при преработка во него не остануваат никакви вредни материи. Поради тоа лебовите направени од брашно тип – 500 најдобро е да се избегнуваат. Кога сакате да изберете квалитетен леб, прво видете што пишува на етикетата, дури и ако станува збор за црн леб.

Причината е што некогаш тој е направен од брашно тип -500, па потоа е само вештачки обоен за да има темна боја. Колку е поголем бројот со кој се означува типот на брашното во лебот, тоа е поприродно и ги содржи своите минерали, витамини и ензими. На пример, брашното од спелта е тип – 2000, пченичното брашно тип – 1850 одговара на лебот кој ни е познат како грахам.

Дефинитивно најдобар начин за да знаете дека јадете добар леб е да научите сами да правите домашен леб. За него треба квалитетно брашно, вода, квасец, сол и малку труд од ваша страна. При купување брашно, најдобро е да одите во продавници за здрава храна каде што се продаваат квалитетни брашна, кои се малку поскапи, но вреди ако знаете дека купувате квалитетен производ.