Секој петти човек страда од некаква форма на алергија, што најчесто предизвикува кивање, течење и чешање на носот, отечени очни капаци, отежнато дишење…

Алергиите се невообичаени, абнормални реакции на телото на некои супстанции со кои се среќаваме во секојдневниот живот.

Кога ќе стапиме во контакт со нив, телото лачи хистамин, супстанца со која се бориме против овие напаѓачи. Таа прекумерна реакција на нашиот организам, која ја нарекуваме алергија, всушност е реакција на хистамин, а не на прашина, полен, храна…

Profimedia
Profimedia

За да ги ублажат овие симптоми, повеќето луѓе земаат одредени лекови, не знаејќи дека билките можат да бидат многу корисни.

Што се однесува до алергиските реакции, лукот, кромидот и лутата пиперка можат да бидат од голема помош затоа што содржат кверцитин, за кое е докажано дека има антиалергиско дејство.

Докажано е дека листот од црна рибизла има одличен ефект врз сите заболувања предизвикани од прекумерни, неконтролирани и несоодветни реакции на имунитетниот систем, па затоа чајот, тинктурата и екстрактот од ова растение се препорачуваат и за алергиски заболувања. Листот од рибизла покрај флавоноиди содржи и танини.

pixabay

Чај од лисја од црна рибизла:

Истурете полна лажица суви лисја од црна рибизла со 200 ml врела вода, промешајте, покријте и оставете да стои 15 минути. Исцедете и пијте незасладено. Чајот се пие три пати на ден (секогаш свежо подготвен) помеѓу оброците.

Употребата на масло и лисја од црна рибизла нема никаков ефект доколку се користи во комбинација со кортикостероиди, но може да се комбинира со нестероидни антиинфламаторни лекови.

unsplash

Чајот од црн слез (Malva silvestris) и маслото од невен (Calendulae oleum) ги елиминираат алергиските реакции на кожата. Неопходно е да се исплакне кожата со чај и да се премачкува со масло неколку пати на ден.

Некои поборници за алтернативната медицина тврдат дека луѓето кои се алергични на полен треба да земат мали количини на мед направен од пчели во близина на местото каде што живеат. На тој начин тие постепено стануваат имуни на поленот на локалните растенија. Препорачливо е да се земаат витамин Ц, Е и Б комплекс.