Жоан Лапорта на почеток од годинава се врати на претседателското место во Барселона со цел да го извади клубот од долговрите на кои го создаде претходната управа предводена од Хосеп Марија Бартомеу.
Радио Каталонија објави неверојатни податоци кои покажуваат како Барселона под водство на Бартомеу одите кон бездната.
Радиото објави документи за бонусите на двајца фудбалери чии имиња не го објави туку потенцира дека тие се стандардни првотимци и се меѓу најдоброплатените играчи во клубот и кои сега се согласија да потпишат нови договори со намалени плати.
Двајцата фудбалери имале ставка во договорот да добиваат 11.5 милиони евра бонуси доколку одиграат повеќе од половина од натпреварите на Барселона во една сезона.
Потоа, двајцата играчи добивале бонус од 1.2 милиони евра за пласман во групната фаза во Лигата на шампионите, а не се памети кога Барселона не играла во елитното клупско натпреварување.
Но тоа не се, играчите би добиле и по 3.5 милиони евра како бонус доколку Барселона ја освои тројната круна иако такво нешто за последен пат се случило во 2015 година.
Згора на тоа, овие двајца играчи ќе добијат 15 милиони евра за три сезони како бонус за лојалност.
Во првата сезона тие добија 6.7 милиони, оваа сезона ќе добијат 2.8 милиони, додека следната сезона сумата ќе изнесува 5.6 милиони евра.
Кога ќе се соберат сите бонуси, Барселона би морала да исплати 50 милиони евра само на двајца фудбалери.