Фокус открива како Арбен Таравари, лидер на Алијанса за Албанците, партија која договори влез во Владата, стекнал имот, кој претходно бил во сопственост на Исмаил Јахоски од ДУИ.

Проверките што ги извршиле новинарите од фокус и документацијата што ја обезбедиле покажуваат дека лидерот на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари, во 2021 година купил имот во Тафталиџе, кој бил во сопственост на економистката во нафтената компанија „Пуцко Петрол“ Љупка Јахоска, како и на пратеникот од ДУИ Исмаил Јахоски, кој претходно стекнал една половина од плацот по пат на договор за дар од уште едно лице со исто презиме – Иса Јахоски.

Куќата на Таравари влезе во собраниската расправа за избор на нови владини министри од редовите на Алијанса, откако Таравари постигна договор со СДСМ и ДУИ за да го засили парламентарното мнозинство. Притоа, пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски,отворено праша дали Таравари ја добил куќата на подарок?

Според Таравари, се работи за, како што вели, прилично инфантилни обвинувања коишто, додава тој, лесно се прелеваат и во медиумите, без да се консултира другата страна.

Целата сторија на Фокус.мк