Пиење неколку чаши кафе секој ден помага да се намали ризикот од рак на простата, како и веројатноста за смрт доколку ја има болеста.

Студија за влијанието на кафето, спроведена од кинескиот медицински универзитет, покажала дека оние кои редовно пијат кафе имаат 10% помал ризик од развој на рак на простата од оние кои не не го прават тоа често.

Резултатите покажале дека љубителите на кафе имаат девет проценти помалку шанси да страдаат од рак на простата, а тој процент кај оние кои пиеле поголеми количини се искачил на 12 проценти.

фото: Илустрација

Студијата, објавена во Британскиот медицински журнал (BMJ) и спроведена од д-р Кефенг Ванг од Кинескиот медицински универзитет, тврди дека луѓето со напреднат карцином на простата имале 16 проценти поголеми шанси да ја преживеат болеста доколку пиеле кафе.

Истражувачите анализирале податоци од 16 релевантни истражувања објавени пред септември 2020 година. Вкупно, различните истражувања анализирани од тимот вклучуваат податоци за повеќе од милион мажи од кои 57.732 развиле рак на простата.

Потрошувачката на кафе се движеше од една или помалку од две чаши на ден, до девет или повеќе на ден. Оваа студија сугерира дека зголемената потрошувачка на кафе може да биде поврзана со намален ризик од рак на простата – вели д-р Ванг.

Тој објаснува дека постои биолошко објаснување за нивните откритија. Како што вели, познато е дека кафето го подобрува нивото на шеќер во крвта и има антиинфламаторно и антиоксидативно дејство. Исто така, влијае на нивото на полови хормони, коишто можат да помогнат во заштита од рак на простата.

Сè уште е потребно дополнително истражување за да се испитаат основните механизми и активните соединенија во кафето. Доколку врската се покаже како причинска, мажите би можеле да се охрабрат да ја зголемат потрошувачката на кафе за потенцијално да го намалат ризикот од рак на простата – заклучувал докторот.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.