„Во кое својство, лидер на опозициска политичка партија преговара за набавка на автобуси за Град Скопје, кога има јасни процедури за избор на најповолна понуда?“ ја запраша портпаролот на СДСМ, Дарко Каевски, неговата колешка од ВМРО-ДПМНЕ, Марија Митева во емисијата „Само вистина“ на Канал 5.
Тој додаде дека Мицкоски од претседател на опозициска партија, стана асистент за јавни набавки во Град Скопје.
Каевски исто така го обвини лидерот на опозицијата дека ја условува средбата со премиерот Ковачевски, наместо да седнат и како лидери на најголемите политички партии да договорат заеднички ставови за справување со кризите.
„Видовме неколку обиди за средби, каде лидерот на опозицијата, кој стана асистент по јавни набавки, вели дека ќе седнеме само ако се организираат парламентарни избори. Во услови на енергетска и здравствена криза, да имаме дополнителни избори ќе значат само потешкотии за економијата“ рече Каевски.
Портпаролот на СДСМ додаде дека со барањето за избори се гледа дека единствено што е важно за ВМРО-ДПМНЕ е да се обидат да дојдат на власт и дека не се грижат за интересите и потребите на грааѓните.