Во првите 10 месеци од годинава, ги саниравме последиците од светската економска криза со два пакети мерки вредни 760 милиони евра, вели пратеникот и портпарол на СДСМ, Дарко Каевски.

Тој тврди дека резултатите се веќе видливи:

Во тешки услови успеавме да обезбедиме доволно храна, струја, енергенси, да ги подджиме граѓаните компаниите и да ја спасиме македонската економија. Секако дека има уште многу работа но врз основа на економските параметри и резултат може да кажеме дека 2023 ќе биде година на економски пресврт и нова надеж. Еден од инструментите за остварување на таа цел е Буџетот за 2023 кој ги комбинира антикризните мерки со развојните политики. Со Буџетот за 2023 предвидени се дополнителни средства за исплата на плати и пензии, односно следната година повторно ќе имаме раст на минималната плата и на пензиите согласно новата методологија. 800 милиони евра се предвидени за капитални проекти, тоа се средства директна инвестиција во локалниот економски развој и во домашното стопанство. Дека 2023 година ќе биде многу подобра од оваа, потврдуваат и проекциите на ЕБОР кои предвидуваат раст на македонската  кономија од 2.3 отсто.

Тоа, меѓу другото ќе го постигнеме и со зголемениот број на странски директни инвестиции, со трансформација на енергетскиот сектор, нешто што веќе интензивно се случува ширум нашата држава. СДСМ и претседателот Ковачевски имаат план кој обезбедува економски раст, подобар животен стандард и сигурна и стабилна иднина, вели Каевски.