Денеска се потврди целата вистина за криминалот на ВМРО-ДПМНЕ преку признанија на некогашни високи функционери од оваа партија. Миле Јанакиески, Гордана Јанкуловска и Мартин Протоѓер признаа вина по обвиненијата во судскиот предмет „Титаник“. Денешното признание е потврда за целиот криминал на ВМРО-ДПМНЕ, за сите изборни измами на режимот предводен од Никола Груевски, изјави Дарко Каевски, пратеник на СДСМ.

„Злосторничко здружување, повреда на избирачкото право, поткуп при избори и гласање, уништување изборен материјал и злоупотреба на пари. Ова е показател како ВМРО-ДПМНЕ со години ја фалсификувало изборната волја и како биле злоупотребени парите на граѓаните. ВМРО-ДПМНЕ е злостроничко здружение!

Затоа во време на ВМРО-ДПМНЕ немаше пари за народот, затоа минималната плата беше на половина од сега, само 8.800 денари, затоа платите беа мизерни, а граѓаните едвај преживуваа. Ова е причината и зошто ВМРО-ДПМНЕ овие денови отвораат теми што немаат врска со реалноста. ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски немаат образ да зборуваат ниту за плати ниту за пензии“, рече Каевски.

Тој истакна дека тие треба да се извинат и да ги вратат парите назад кај граѓаните.