Портпаролот на СДСМ, Дарко Каевски коментирајќи го барањето на опозицијата за предвремени избори порача дека избори ќе има, ама редовните во 2024-та година.
Да тоа што го кажавте дека сме дијаметрално спротивни страни, да тоа е така, ние сме на страната на граѓаните и носиме реформски и важни закони, ВМРО-ДПМНЕ е буквално на страната на опструкциите, блокадите и сакаат преку политички ситни поени да дојде и да добие некакви политички поени. Во делот на дополнителното прашање за коалицијата, коалицијата е стабилна, парламентарното мнозинство е стабилно и како резултат на сето тоа наредните парламентарни избори ќе бидат 2024 година и ќе бидат редовни.