Тоа што ВМРО-ДПМНЕ го презентира како блокада, ова сценарио се случува во изминатиот период. 70-тина закони се блокирани од опозицијата, со голем број процедурални забелешки блокираат, и на вчерашната седница секој од пратениците на опозицијата бараа поместување на точки од дневниот ред. Начинот и сценариото на ВМРО-ДПМНЕ е ист, во услови на кризи кои буквално граѓаните чувствуваат последици, кога Собранието треба да носи реформски закони, имаме опозиција која блокира. Во ниедна развиена западно европска земја не се случува ова. Секаде опозиција и позиција делуваат заеднички за граѓаните полесно да ја поминат кризата. Се надевам кај дел од опозициските пратеници ќе надвладее разумот, но имаат таква партиска директива“ – вели пратеникот од СДСМ – Дарко Каевски во Студио 10 на ТВ24.