Бидејќи е познат по своите хидроцентрали за производство на струја, го повикуваме Христијан Мицкоски струјата да има ја даде бесплатно на граѓаните, вели Дарко Каевски портпарол на СДСМ.

Каевски потоа обвинува:

На што личи тоа Мицкоски наутро да лаже на прес конференции а навачер да брои пари од високите фактури за струја од неговите хидроцентрали?

Христијан Мицкоски е основач и сопственик на фирмата „Енерготек” со која влегува во конзорциумот „Минка – Енерготек”.

Во 2015 година од Владата на Груевски добива 33 илјади метри квадратни државно земјиште и гради хидроцентрали.

Еве ги документите кои го потврдуваат тоа.

Мицкоски токму во тој период во истата таа Влада од која добива земјиште и концесија е советник за енергетика на неговиот шеф и ментор, тогаш премиер, Никола Груевски.

Затоа и меѓу своите од ВМРО-ДПМНЕ го добил и надимакот Хидро Мицко.

Во време на светска економска и енергетска криза, но и години претходно, Мицкоски го полнел џебот продавајќи електрична енергија од своите хидроцентрали.

Ако е загрижен за струјата и стандардот на граѓаните, Мицкоски ќе ја отстапи бесплатно струјата од своите хидроцентрали за граѓаните.