Христијан Мицкоски е прв и главен паразит на ВМРО-ДПМНЕ. За време на неговата кариера како советник за енергетика, директор на АД ЕЛЕМ, но и по разрешувањето, за Мицкоски биле исплатени над 93.000 евра, вели портпаролот на СДСМ Дарко Каевски.

-Како советник на Никола Груевски и Емил Димитриев за енергетика во периодот од април 2015 до октомври 2016 година, секој месец добивал хонорар од 1.100 евра. За советување вкупно му се исплатени околу 50.000 евра. Потоа како директор и претседател на Управниот одбор на некогашен АД ЕЛЕМ за само десет месеци, во периодот од септември 2016 до август 2017 година, од буџетот инкасирал над 1,9 милиони денари или над 31.000 евра.Неговата месечна нето плата во ЕЛЕМ изнесувала 98.000 денари нето – рече Каевски.

Тој додава дека покрај тоа што земал хонорари и плата од АД ЕСМ, Мицкоски добивал надоместок и после неговото разрешување. Иако по разрешувањето од функцијата директор и претседател на Управниот одбор се вратил да работи како професор на факултет за 12 месеци на име разлика во плата од АД ЕСМ добивал месечно 60.444,00 денари.

-За 12 месеци му се исплатени вкупно 805.920,00 денари бруто. По раскинување на менаџерскиот договор, примил уште над 13.000 евра пари од граѓаните. Покрај Мицкоски и Гордана Кочоска Димитриевска примала надомест по разрешувањето од функцијата член на управен одбор и директор за финансии на тогашното АД ЕЛЕМ. Гордана Кочоска Димитриевска уште една година примала цела плата од 66.432 денари нето. Во периодот додека била член на управниот одбор и директор за финансии од февруари 2014 година, до август 2017 година за плати за Кочоска Димитриевска биле исплатени 4.148.608,00 денари или повеќе од 67.000 евра – вели Каевски.

Според него, тие се вистинските паразити бидејќи и по разрешување од функцијата продолжиле да земаат пари од граѓаните иако можеле да се откажат од таквата придобивка.