Дарко Каевски од СДСМ вели дека јасно е дека по 82 дена владеење, Данела Арсовска е најлошиот градоначалник кој Скопје го имал. Како што вели тој освен нивелирани шахти и мобилни тоалети Арсовска нема реализирано ниту еден конкретен, крупен проект.
-Мостот во Аеродром досега требаше да биде завршен. Обновата на Универзалната сала. Бесплатниот превоз за скопјани. Треба да бидат завршени реконструкциите на 10 тина улици. Поминаа 82 дена од мандатот а наместо решенија и проекти, граѓаните на Скопје од Арсовска видоа само партизација на градската администрација и изземање од одговорност за своите надлежности. Во својот отчет денеска Арсовска заборави да спомене неколку работи кои го одбележаа нејзиниот досегашен мандат: Го прекина проектот Бас рапид транзит, ја закочи изградбата на двата нови моста, ја закочи Универзална сала, поништи оглас за вработување на 20 пожарникари. Комплетно ги партизираше јавните претпријатија, јавните установи и Град Скопје. Колку е партизирана работата на Град Скопје зборува и тоа што на денешниот отчет наместо државната, на неколку секунди беше пуштена химната на ВМРО-ДПМНЕ. После 82 дена јасно е дека Данела Арсовска е најслабата градоначалничка на Скопје, вели Дарко Каевски.