Данела Арсовска не работи ништо во интерес на граѓаните, таа во првите две месеца покажа дека знае само да стопира важни проекти. Меѓу нив секако еден од најважните е Бас рапид транзит системот со кој Скопје добива нов, ефикасен и еколошки јавен транспорт, изјави Дарко Каевски од СДСМ.
Тој обвинува дека Арсовска со штури оправдувања го прекина овој важен проект за чија реализација беа обезбедени средства од Европската банка за обнова и развој.
Каевски вели дека и самата Европска банка за обнова и развој ги демантираше лагите на Данела Арсовска.
-Наместо да го реализира БРТ системот, таа ги лаже граѓаните дека ќе воведе бесплатен автобуски превоз за две години отсега, иако граѓаните очекуваа бесплатен јавен превоз уште во првите 82 дена од нејзиниот мандат. Најавите дека бесплатен јавен превоз ќе има за две години од сега е голема лага и потценување на скопјани. Бесплатен јавен превоз е возможен само со Бас рапид транзит со кој се обезбедува поголем опфат на патници, почести линии и побрзо минување на трасата. Арсовска треба да си ги совлада суетата и ароганцијата и да ги продолжи проектите што ги започна Петре Шилегов, а кои обезбедуваат развој на Град Скопје. Tаа конечно треба да почне да работи за Градот и за интересите на граѓаните, наместо да го кочи развојот на Скопје, вели Каевски.