Веќе се познати дел од имињата на кадарот на Алтернатива кои ќе раководат со МЕПСО, Министерството за здравство, Министерството за информатичко општество и Тетовската болница. Внатрепартиските извори на ТВ21 неофицијално веќе потврдија за кои ресори станува збор, додавајќи дека в петок ќе се одржи средба на Централното раководство на која ќе бидат дефинирани сите имиња и ресори кои ќе ги добие партијата на Гаши, со самиот факт што стана дел од Влада.
МЕПСО – Орхан Муртезани
Министерство за здравство – Беким Сали
Министерство за информатичко општество – Адмирим Халити
Заменик-министер за образование- Љуљзим Алиу
Директор на Клиничката болница во Тетово – Амир Елези
Фонд за пензиско и инвалидско осигурување – Тетово
Договорот на Заев и Гаши ги „допре“ и ресорите на ДУИ, која е во коалиција со СДСМ. Но, како партијата на Ахмети го коментира делот кој ѝ припадна на Алтернатива?
Целиот напис прочитајте го овде.