Кадетската машка репрезентација на Македонија го освои второ место на ЕХФ шампионатот за играчи до 19 години.
Во финалето кадетската репрезентација на Македонија загуби од Полска со резултат 33:35.
За МВП на ЕХФ Шампионатот беше прогласен играчот на Македонија, Марко Митев, а Петар Атанасијевиќ за најдобро лево крило.
На овој ЕХФ Шампионат кој се играше во Скопје, македонската селекција до 19 години беше предводена од селекторот Кире Лазаров.