Портпаролот на Локалниот штаб на ВЛЕН во Чаир, Сабри Азири, на денешната прес конференција го обвини кандидатот на ДУИ за градоначалник на општина Чаир, Бујар Османи, за директна одговорност на неговата партија за мизерната состојба со хигиената во Скопје, особено во Чаир.

Според него, наместо да се грижат за општината, кадрите на ДУИ со години го саботирале функционирањето на ЈП “Комунална Хигиена“ и ја претвориле во извор на злоупотреби со милионски тендери. “Кандидатот за градоначалник на Чаир, Бујар Османи, изминативе денови излегува пред јавноста претставувајќи се како загрижен родител и како лекар револтиран од нечистотијата во општината. Тој еднаш го нарече Чаир „Кандахар“, а потоа изјави дека ова е највалканата општина во Скопје.

Но, граѓаните на Чаир треба да ја знаат вистината: за состојбата со нечистотијата е одговорна токму партијата на Османи и нивните кадри. Наместо да се грижат за Чаир, тие со години го саботираа неговото функционирање и дозволија сериозни злоупотреби во јавното претпријатие задолжено за чистотата на градот – ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје. Само од јануари оваа година се склучени договори во вредност од над 1,4 милиони евра и тоа: 422 илјади евра за сервисирање на возила, 276 илјади евра за гуми, 253 илјади евра за контејнери за отпад и друга опрема, 192 илјади евра за четки и други делови. Значи, потрошени се цели 1,4 милиони евра од парите на граѓаните. А сепак, реалноста е сосема
поинаква – Скопје, а особено Чаир, се дави во ѓубре.“, изјави Азири.

Тој нагласи дека тендерите се користат за збогатување на партиски семејства и за клиентелистички договори, посочувајќи го и договорот од 12 илјади евра за “интелектуални услуги“ со компанијата „Хели Консалт“, во сопственост на синот на Блерим Беџети.

“Ова се „резултатите“ од милионските тендери: камиони и возила во катастрофална состојба, кои не можат да ја извршат ни најосновната функција – чистење на градот. Додека граѓаните живеат во нечистотија, тендерите на „Комунална хигиена“ се користат за збогатување на партиски семејства и за клиентелистички договори. Да потсетиме – постои и договор од 12 илјади евра за „интелектуални услуги“ со фирмата Heli Consult, во сопственост на синот на Блерим Беџети.“, додаде портпаролот на ВЛЕН.

Азири ја заврши изјавата со порака до Бујар Османи дека тој и неговите сопартијци треба да им дадат објаснување на жителите на Чаир за ова и дека на 19 октомври граѓаните на Скопје и Чаир ќе имаат можност “да го исчистат не само ѓубрето, туку и оние кои со години ја користеа општината за тендери и политички профити“.

“Затоа денес јавно му порачуваме на Бујар Османи: Вие им должите на жителите на Чаир објаснување! Како е можно да се потрошат 1,4 милиони евра за сервисирање на возниот парк, а возилата да бидат во ваква скандалозна состојба? И како имате храброст, без срам, да излегувате со
футуристички ветувања и празни зборови? Почитувани граѓани, не е доволно да се игра улогата на загрижен лекар кога си дел од самиот проблем. На 19 октомври, граѓаните на Скопје и Чаир имаат можност да го исчистат градот – не само од ѓубрето, туку и од оние кои со години го користат за
тендери и политички профити.“, потенцираше Азири.