Осумгодишниот Кауан Басиле потпиша договор со еден од најголемите производители на спортска опрема „Најки“ и го собори рекордот на Лионел Меси и Нејмар.

Басиле моментно е член на академијата на бразилскиот Сантос, а „Диарио Оле“ објави дека осумгодишното момченце потпиша тригодишен договор со „Најки“ со можност соработката да се продолжи на дополнителни две години.
Со овој потег, Басиле стана најмладиот во историјата кој потпишал спонзорски договор надминувајќи го рекордот на неговиот сонародник Родриго кој ваков договор потпиша на 11 години.

Овој тренд на потпишување спонзорски договори со млади фудбалери го започна Лионел Меси кој со 15. години потпиша за „Адидас“, додека Нејмар со „Најки“ потпиша на 13-годишна возраст.

Басиле беше прогласен за најдобар фудбалер на турнирот до девет години кој се играше во Сао Пауло и тоа а развојниот пат по кој често одат фудбалерите во Бразил. Пред 20-тина години МВП на турнирот во Сао Пауло беше и Роналдињо.

„ Овој 19. јануари е многу специјален ден за мене и моето семејство, на осум години потпишав договор со „Најки“. бескрајно сум среќен и му благодарам на Бог за се што направи во мојот живот“, напиша Басиле на официјалните мрежи.

Басиле е син на поранешниот фудбалер на Коринтијанс, Андрезињо.