Поради стравот од можните обиди на поголемите соседни земји да ја „проголтаат“ Македонија, првиот македонски претседател Киро Глигоров во 90-тите години од 20-от век им ја наметна политиката на еквидистанца, но и политиката на историски и малцински претензии кон соседите.
Пишува: Ален Мариќ
Мешавината на ситно сецкано овошје или зеленчук во речиси цела Европа се нарекува „Салата Македонија“. Генијалноста на непознатиот готвач и народната мудрост ги имаат, како и обично, точно почуствувано и вешто синтетизирано историските, географските и културните факти во едноставен и повеќезначаен израз. Толку погоден да неговата употреба ги помина границите на кулинарството и во многу јазици веќе значи механичка мешавина на нееднакви нешта.
Криза на идентитетот
Истоимената држава (денес Република Северна Македонија) која настанала 1991 год. несомнено му одговара на овој опис- нејзиното население е вистински етнички мозаик. Меѓутоа, нејзините водачи ја имаат изгубено можноста да ги угушат во суштина тешкотиите кои од тоа потекнуваат.
Наместо да ја дефинира својата држава како обединување на вредностите (граѓанска, демократска и социјална република како Франција или едноставно парламентарна република како соседна Грција), политичката класа во новата балканска држава ги повторува грешките на југословенската федерација која се распадна со многу оган и крв: ја дефинира републиката како (повеќе)етничка творба на македонскиот и на другите народи – од кои некои се експлицитно споменати, други – не.
Тој пристап автоматски води кон проблеми со национаниот идентитет.
Постјугословенската политичка, научна и културна елита во Скопје продолжува да го бара во различни правци. Така, современиот македонски народ е наследник на античката држава на Филип II, Александар Македонски и нивните војници, како и браќата Самуил и Арон од 11 век кои се бореле против Византиската империја. А уште се и Словените (за разлика од Бугарите кои се туркијско или татарско племе), и на крај – антифашисти кои заедно со Тито се бореле против германскиот, италијанскиот и бугарскиот окупатор за време на Втората светска војна, но инаку не сакаат да бидат дел од Југославија која ја создаде Тито.
Осмислени да му дадат „секому по нешто“, овие разновидни идентитети предизвикаа спротивен ефект – десет години по независноста, во Македонија избувна граѓански меѓуетнички вооружен конфликт, кој беше надминат дури по решителната интервенција на САД и Европската унија.
Внатрешната дилема околу кризата на идентитетот, секако, влијае и на македонската надворешна политика. Плашејќи се од можни обиди на поголемите соседни земји да ја „проголтаат“ Македонија, првиот претседател на Македонија, Киро Глигоров, во 90-тите наметна политика на еквидистанца, како и политика на историски и малцински претензии кон соседите.
Резултатот беше воведување на долгогодишно трговско и економско ембарго од страна на Грција, кое, во комбинација со санкциите на ОН против остатокот од Југославија, ја доведе земјата пред колапс. Дваесет години подоцна, еквидистанцата беше заменета со т.н антиквизација.
Никола Груевски, чија партија ВМРО претендира дека е наследник на антиотоманскиот отпор во Македонија, објави дека земјата е директен наследник на античка Македонија. На внатрешен план тоа му овозможи десетгодишно владеење, но на надворешен план доведе до тешка изолација и блокирање на патот кон НАТО и ЕУ.
Што се случува во моментов со Груевски – живее во Унгарија под покровителство на Виктор Орбан, откако ноќе илегално ја напуштил Македонија бидејќи му се закануваше затворска казна за корупција.
Излегување од маѓепсаниот круг
По него дојде Зоран Заев, лидерот на тогашниот опозициски Социјалдемократски сојуз – симпатичен, секогаш насмеан, демонстрирајќи ја својата волја да ја извлече Македонија од маѓепсаниот круг на споровите со соседите и изолацијата. Заев покажа решителност и потпиша договор за нормализација на односите со Грција и Бугарија.
Резултатот не задоцни – Македонија конечно е примена во НАТО, подготвувајќи се за членство во ЕУ. Но, прикривањето на проблемите, како што знаеме, не води до нивно решавање, напротив – тие посилно „експлодираат“ во следната фаза. Фатен во теснец помеѓу логичната и сосема легитимна желба на Атина и Софија да се почитуваат билатералните договори и гласните популистички изјави на опозицијата дека барем ќе ги ревидира веднаш штом ќе ја преземе власта, Заев катастрофално загуби на локалните избори во Македонија во октомври.
Сепак, неговиот политички рефлекс проработи, па веднаш се обиде да ги изнесе проблемите надвор од земјата – се ангажираше во „Отворен Балкан“ – нов регионален проект на српскиот претседател Александар Вучиќ, зад кој се надѕира духот на поранешна Југославија.
Во Скопје ја обвинуваат ЕУ дека го разочара целиот Западен Балкан со „својата пасивност“…
Заев на крајот поднесе оставка, а лидерот на ВМРО, Христијан Мицкоски, кој се смета за скриен евроскептик, ветува „дека по секоја цена ќе го заштити македонскиот идентитет“ штом ќе ја преземе власта.
Кога не знаете каде одите, обично завршувате на друго место.
Преземено од Антена