Кабинетот на украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска ја осуди изјавата на рускиот претседател Владимир Путин со која се сугерира воведување привремена администрација во Украина.
Советникот за комуникации на Зеленски, Дмитриј Литвин, во оваа прилика изјави дека ако Путин не разбира со кого треба да разговара за завршување на војната, тогаш треба, како што иронично изјави, „да земе неколку апчиња за мозок“, пренесува агенцијата УНИАН.
Литвин додаде дека Русија извршила најмалку два напада врз Украина во изминатите 24 часа, оштетувајќи ја енергетската инфраструктура.