Од кабинетот на Талат Џафери со писмена реакција, откако вчера Антонио Милошоски го обвини дека имал средби со чеченска делегација во јули минатата година и било договорено изградба на споменик на Ахмад Кадиров во Тетово.
Во продолжение реакцијата.
„Што ѝ ветил Талат Џафери на делегацијата од Чеченија која била во посета на Собранието?“ е прашање кое нема одговор затоа што Претседателот немал средба со делегација од Чеченија.
На денот кој се наведува во информациите на порталите 8 јули Претседателот Џафери имаше средба со делегација од Еврпскиот муслимански форум Абдул-Вакхед Нијазов, претседател на Европскиот муслимански форум (Брисел, Белгија / Москва Русија; на средбата присуствуваа и Ромас Јакубаускас , муфтијата на Литванија, Член на одборот на Европскиот муслимански форум, (Вилнус, Литванија); д-р Надер Акад, имам на Исламскиот центар во Трст, Ко-претседател на Меѓународниот Мариан на муслиманска христијанска комисија во Меѓународната папска академија, член на Одборот на Европскиот муслимански форум (Рим, Италија); Јусеф Мурат Муфтија на Романија, советник на Европскиот муслимански форум (Констанца, Романија); Наим Елгандур, Претседател на Муслиманското здружение на Грција (Атина, Грција); Мустафа Избиштали , Муфтија на Софија (Софија, Бугарија); Ферди Асани Советник на Европскиот муслимански форум Скопје (Северна Македонија). Врска од средбата: https://www.sobranie.mk/2020-2024-aktivnosti-ns_article-sredba-na-pretsedatelot-dzaferi-so-pretstavnicite-na-evropskiot-muslimanski-forum.nspx.
Содржината на разговорот на мултилатерално ниво, како и секогаш е објавена во веста на интернет страницата на Собранието. Пред одржување на средбата, според вообичаената пракса Собранието доби и позитивно мислење од МНР на Република Северна Македонија за одржување на средбата и информација дека делегацијата е примена од страна на Претседателот на Собранието на Србија, а во 2018 година од страна на Претседателот Иванов.
Во време кога Европа и светот одржуваат конференции за борба против лажни вести и дезаинформации, пратеник се впушта во лиферување на вест која апсолутно е неточна и има за цел да нанесе штета не само на претседателот Џафери, туку и на Собранието и на државата. Уште попоразително е што околу 20 портали, па дури и интернет страници на национални телевизии ја презедоа веста, без да го контактираат Кабинетот или во најмала рака да ја проверат веста на собраниската интернет страница.
Милошоски: Што и ветил Талат Џафери на делегацијата од Чеченија?!