Албанскиот премиер Еди Рама информираше дека денеска во Албанија ќе пристигнат нови 208 илјади дози на вакцини.

Тој во својата објава на Фејсбук не откри од која компанија се вакцините.

-208 илјади вакцини за неколку часа ќе пристигнат на аеродромот Рина, напиша кратко на својата Фејсбук страница Рама.

Претходно во Албанија пристигна пратка од 50.000 дози вакцини од „АстраЗенека“, донација од Индија.

На меѓународниот аеродром во Тирана, пратката ја пречекаа министерката за здравство и социјална заштита, Огерта Манастирлиу, државниот министер за обнова, Арбен Ахметај, и амбасадорот на Република Индија во Букурешт, Рахул Шривастава.

-Пристигнаа 50 илјади дози вакцина „АстраЗенека“, што веднаш ќе бидат дистрибуирани во сите здравствени домови и центри за масовна вакцинација, за да се продолжи со имунизацијата на населението постаро од 60 години, рече Манастирлиу.

Таа епидемиолошката сосотојба ја оцени како стабилна, со ниска инциденца и додаде дека третата ковид болница во моментов немаат хоспитализирани пациенти, исто како и четиртатат ковид болница, и оти ќе бидат во состојба на готовност заедно со медицинскиот персонал.

Според неа до сега во земјата пристигнале околу 490 илјади вакцини и дека со имунизацијата се опфатени 325 илјади лица.