Владата ќе обезбеди 6 милиони денари за купување на реагенси и потрошен лабораториски материјал за потребите на Институтот за имунобиологија и хумана генетика на Медицинскиот факултет, за да се истражува зошто кај дел од пациентите со ковид-19 вирусот поминува лесно, а зошто дел од нив завршуваат со тешка болест или со фатални последици.
Средствата се одобрени на денешната седница за научниот проект „Имуногенетски профил на пациенти со тешка клиничка слика на ковид-19“ кој ќе опфати анализа на најмалку 100 пациенти со тешка слика на болеста како и членови на нивни семејства и околу 1000 пациенти со прележан ковид.