Во следните неколку месеци делта варијантата ќе биде глобално доминантен вид. Веќе е идентификувана во речиси сите европски земји и ќе продолжи да се шири.
За жал, во многу земји во нашиот регион, забележуваме значително зголемување на преваленцијата на многу заразната делта мутација. И покрај огромните напори на земјите-членки да ги вакцинираат луѓето низ целиот регион, уште милиони остануваат невакцинирани и затоа се изложени на ризик од хоспитализација, вели д-р Ханс Клуге, регионален директор на СЗО за Европа.
Во последните четири недели, од седмица во седмица се поголем е бројот на заразените со корона вирусот, процентот е зголемен во сите возрасни групи, но најмногу меѓу младите од 15 до 24 години, каде што во последниот месец има пет пати поголемо зголемување на регистрираните случаи.
Добрата вест е дека податоците јасно покажуваат дека целосната вакцинација значително го намалува ризикот од сериозни болести и смрт. Кога ќе бидат повикани да го сторат тоа, луѓето треба да се вакцинираат, наведува Клуге.
СЗО и ЕЦДЦ ги повикуваат приоритетните групи како што се возрасни лица, лица со хронични болести и здравствените работници да бидат вакцинирани против ковид-19 со цел да ги заштитат ранливите луѓе со кои контактираат од сериозни болести.
Покрај тоа, се препорачуваат брзи вакцинации за сите групи. Со ширењето на делта варијантата, ќе се бара интензивно спроведување на тековните мерки за јавно здравје, вклучително и засилен пристап до тестови, за следење на пренесувањето на ковид-19, особено затоа што напредокот на вакцинацијата е низок во многу земји.
Патувањето не е без ризици. Патувања и групни собири може да го зголемат ризикот од инфекција и ширење на Ковид-19. Ако сакате да патувате, размислете за потребата и разгледајте ги вашите ризици, наведува ЕЦДЦ.
Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.