„Усвојувањето на таква декларација наспроти годишнината од Илинденско-Преображенското востание, што е возбудлив настан за сите нас, не е знак за оптимизам. Оваа резолуција е манифест на македонизмот. Зборува со кодни зборови, кои уште еднаш ги покажуваат претензиите на Скопје врз целата историско-географска област Македонија“, изјави во програмата „Сабота 150“на Бугарското национално радио, историчарот и дипломат доц. д-р Наум Кајчев, заменик -претседател на Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања меѓу Бугарија и Република Северна Македонија, пренесува Трибуна.
Доц. Наум Каjчев вели дека усвоениот текст во Скопје не придонесува за европската перспектива на PC Mакедонија.
Според него, иницијативата „Отворен Балкан“ на Албанија, РС Македонија и Србија, се гледа со зголемено внимание и двосмисленост од ЕУ и од земјите во регионот.