Пишува: Ким Мехмети
Не еднаш до сега ЕВН колективно ги казнувала граѓаните со исклучување на електричната енергија, и тоа без разлика дали станува збор за тие што крадат ечектрична енеригија или пак за тие што редовно ги плаќаат сметките за потрошената енергија.
И не еднаш до сега тоа го сторила во најстудените зимски денови, или тогаш кога граѓаните имале празнични денови. И овие денови, ЕВН колективно ги казнува жителите на Грчец исклучувајќи им ја електричната енергија и на тие што ја крадат електричната енергија и на жртвите кои ги „краде” оваа компаниа.
ЕВН постапува вака бидејќи знае дека во оваа Македонија никој не ги штити правата на граѓаните, затоа што знае дека тие нема каде да се жалат затоа што сега, кога се’ поскапува, големи количини на резервна храна, им се одмрзнува и расипува во нивните фрижидери.
Затоа напразно е логичното прашање од каде таа храброст на челниците на ЕВН да си поигруваат и да ги казнуваат колективно верниците муслимани на Грчец токму во нивниот најсвет месец –Рамазан?! И тоа без да направат разлика меѓу тие што постат, но ја крадат електричната енергија и тие што знаат што и должат на ЕВН , а што на Господ.
Напразно е да го поставите таквото прашање оти одговорот е мошне едноставен: управувачите на ЕВН сфатиле дека во оваа држава се е корумпирано, дека нема ниту општински челници, ниту државници, ниту народен правобранител…, што може граѓаните да ги одбрани од ваквите постапки на компаниите што имаат монопол и кои понекогаш функционираат како да се управувани од банда која доаѓа и со уцени ти го наплатува долгот.
Кратко кажано, не еднаш туку често пати до сега е докажана вистината дека таму каде што нема правна држава, таму каде што никој не ги штити правата на граѓаните, ЕВН е власт и закон. Значиу таму каде што државниците не смеат да отворат уста пред мнополските компании, таму каде што народниот поравобранител наликува како да е адвокат на ѓаволот, сите ја штитат ЕВН од тие што крадат електрична енергија, но никој не ги штити тие кои ги казнува и ги краде оваа компанија.