Поминаа четири дена од трагедијата што го погоди градот Кочани во Македонија, кога во пожарот што избувна во дискотеката „Пулс“ загинаа 59 лица, а повеќе од 160 беа повредени.

Во Србија моментално се лекуваат 29 повредени лица од Македонија.

– На ВМА има 10 пациенти, од кои шест се на интензивна нега. Сите се во тешка и сериозна состојба. Единствен позитивен развој е што еден пациент го напуштил одделението за интензивна нега и бил префрлен на Клиниката за пластична хирургија. Што значи дека сепак е чекор кон подобро. Неговиот живот повеќе не е во опасност, но допрва претстои голема борба за закрепнување, истакна за РТС д-р Иван Лековиќ, заменик началник на Воено медицинската академија и главен дежурен хирург, пренесуваат српските медиуми.