Американскиот претседател, Доналд Трамп, на социјалната мрежа „Трут соушал“ се огласи по повод иранските напади врз американската база во Катар.
Тој го опиша нападот како многу слаб одговор што САД го очекувале и ефикасно го одбиле.
„Истрелани се 14 проектили – 13 од нив се соборени, а 1 е пуштен, бидејќи отишол во ненасочен правец“, додаде тој.
„Задоволство ми е да известам дека ниту еден Американец не е повреден и дека е причинета минимална штета.
Тој додаде: „Најважно од сè е што изгледа дека ‘се испразнија’ и, се надеваме, нема да има понатаму омраза. Му благодарам на Иран што ни даде однапред известување, што овозможи да нема жртви или повредени. Можеби Иран сега може да се движи кон мир и хармонија во регионот, а јас со задоволство ќе го охрабрам Израел да го стори истото“.
Трамп рече и дека покрај фактот што ниту еден Американец не е убиен или ранет, подеднакво е важно што нема ниту загинати или ранети Катарци.
Американскиот претседател порача дека е време за мир.
Текстот Kако многу слаб одговор Трамп го опиша нападот на Иран врз американската база во Катар е превземен од МАКФАКС.