Манчестер јунајтед ја одби понудата на Севилја да го ангажира напаѓачот Eнтони Марсијал до крајот на сезоната, објави „Скај спортс“.
Според британскиот медиум, шпанскиот клуб предложил договор, според кој страните би исплатиле 50 отсто од платата на напаѓачот, во износ од 150 илјади фунти неделно.
Манчестер јунајтед се согласи да го ослободи 26-годишниот Французин само доколку клубот кој го изнајмува играчот ја преземе целосната одговорност за исплатата на платата на играчот.
Во сезоната 2021/22, Марсијал учествуваше на 10 натпревари на Манчестер јунајтед и постигна еден гол.