Одиграни се три натпревари од 31-то коло во Серија А.
Навивачите на Јувентус доживеаја ново разочарување.
Во дербито Аталанта беше подобра од Старата дама со резултат 1:0, а голот на одлуката го постигна Малиновски во 87-та минута од средбата.
Со овој пораз Јувентус ја загуби третата позиција на табелата, ги престигна Аталанта, а Старата дама има три бода повеќе од Наполи и натпревар повеќе, па пласманот во Лигата на шампионите следната сезона е под знак прашалник. Лацио и Рома исто така се борат за ЛШ.
Лацио денес одигра спектакуларен натпревар и го совлада Беневенто со 5:3.
Римјаните имаа предност од 3:0 и 4:1 на овој дуел, но гостите не се предадоа. Видовме два автогола на играч на Беневенто, промашен пенал на Имобиле, поништен гол на гости по ВАР. Сè што го прави фудбалот возбудлив.
На третиот натпревар од 15 часот, Болоња ја декласираше Специја со 4:1.
Аталанта – Јувентус 1:0
Болоња – Специја 4: 1
Лацио – Беневенто 5:3