Јувентус и Милан би можеле да направат интересна размена на играчи.
Според италијанските медиуми, сериозно се разгледува размената во која би учествувале Федерико Бернардески и Алесио Ромањоли, а наводно оваа работа лесно може да се заврши.
Старата дама веќе бара замена за Џорџо Киелини, кој најверојатно ќе се повлече на крајот на сезоната. Тие го гледаат идеалното решение во капитенот на Милан, Алеси Ромањоли и се подготвени да им го понудат на Росоњерите, Федерико Бернардески.
Иако е капитен на клубот од Милано, тие наводно се подготвени да разговараат за размената, и секако Мино Раиола е вклучен во сè.
Контроверзниот агент се грижи за кариерата на двајцата фудбалери. Нема сомнение дека тој би бил најсреќен да ја заврши работата, но секако треба да се посочи дека ова засега е само идеја на хартија.
Во случај Милан да реши да се ослободи од Ромањоли, тие ќе треба да платат околу седум милиони евра на Рома, од каде што овој фудбалер пристигна на „Сан Сиро“ во 2015 година.
Ромањоли е капитен на Милан од 2018 година, и сигурно е дека навивачите на овој клуб не би сакале тој да го напушти клубот и да се приклучи во редовите на големиот ривал.